×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како во филм

Како во филм

Винко Модерндорфер


Издавач: Паблишер
Број на страни: 245
Година на издавање: 2019
Автор: Винко Модерндорфер
ISBN: 9786084569855
Жанр: Белетристика
340 ден.

Момчето Гашпер, вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите, само уште малку не ќе смее да ги гледа филмовите за 12+. Тој живее со мајка си Мајда, која го напуштила сонот да стане сликарка,  и таткото Јоже, кој сè почесто отсуствува од дома, што предизвикува бурни кавги... Него почнува да го копка чудното (не)расположение на мајка му, па почнува да пребарува на Интернет и доаѓа до сознанието дека ќе стане популарен во училиште ако дознаат дека мајка му се дрогира... Но дали не се работи за нешто друго?


Гашпер си има и други проблеми. Соученичката Тина го избегнува во училиште и сака да разговараат само по Скајп. Го прогонуваат и го исмеваат тројцата школски насилници. А најдобриот другар Марко е готов да го предаде за да се спаси од нив... Текот на овие секојдневни настани е прекинат од жестоката караница на родителите, ненадејното исчезнување на мајка му и посетатата кај чудниот Макс... Одеднаш, животот на Гашпер почнува да добива друга димензија!


Винко Модерндорфер

Винко Модерндорфер

Станува збор за извонредно сестран уметник кој се јавува како автор на поетски книги, збирки раскази, романи, драми и комедии, есеистички книги, филмски, телевизиски, оперски, куклени и театарски режии. Има објавено 60-тина книга поезија и проза, за деца и за возрасни, како и драми, збирки раскази и есеи. За многу од нив, како и за своите режисерски дела, има добиено голем број значајни награди. 

Повеќе