×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Јатките на загатките

Јатките на загатките

Тоде Илиевски


Издавач: Паблишер
Број на страни: 111
Година на издавање: 2017
Автор: Тоде Илиевски
ISBN: 9786084569657
Жанр: Литература за деца
150 ден.

Деновите низа нижат
ко вагони што се движат:
пролет, лето, есен, зима –
кружна пруга возот има!


Јатките на загатките е мала ризница од гатанки наменета за најмладите читатели во која еднакво ќе уживаат и возрасните. Тие го воведуваат детето во богатството на светот распостилајќи го пред него сиот раскош во форми, бои и мириси... 


Јатките на загатките е шарена кутија полна со виножита, снегулки, ѕвезди, бубамари, кокичиња, пингвини и крокодили... Од нејзините страници скокаат зајачиња, свират штурци на виолини, мирисаат липите и расцутените врби... Отворете ги нејзините корици и впловете во таинствениот свет на загатките и нивните одгатки!

Тоде Илиевски

Тоде Илиевски

Тоде Илиевски е поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист. Роден е на 7 март 1952 година, во с. Мраморец, Охридско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. 

Повеќе