×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зад омразата

Зад омразата

Барбара Абел


Издавач: Паблишер
Година на издавање: 2020
Број на страни: 264
ISBN: 9786084892106
Жанр: Трилер
380 ден.

Од една страна Тифен и Силвен, од друга Летиција и Давид – две млади брачни двојки кои судбината сака да ги дели само еден ѕид. Ним не им се споени само куќите, туку и животните приказни толку им се испреплетуваат што многу брзо стануваат неразделни. Заедничко уредување на градините, вечерни дружби, доверување, планирање на иднината, надежни разговори за начинот на кој ќе ги воспитуваат своите деца... Но една ненадејна трагедија ќе им го смени животот од корен. Дотогашното пријателство почнуваат да го разјадуваат обвинувања, сомнеж, омраза, страв. А зад срамната тајна што Силвен му ја раскажува на својот пријател Давид во момент на слабост, се крие уште една, многу помрачна.

Барбара Абел

Барбара Абел

Барбара Абел е современа белгиска писателка, авторка на психолошки и детективски трилери. Родена е на 12 март 1969 година, во Брисел. На 15 години завршила курс по театар на Академијата Етербек, а потоа студирала на Слободниот бриселски универзитет, на кој завршила романистика.

Својата прва театарска пиеса ја напишала на 23 години. Објавувала свои текстови во литературната периодика, а во 2002 година го издала првиот роман Мајчински инстинкт.

Потоа целосно му се посветува на пишувањето и ги објавува романите Двојност, Непознатиот, Не знам, Те сакам, Изгорени- ца од чоколадо, Убави години за умирање и др. 

Во 2012 година го издава романот Зад омразата, а во следната година и неговото продолжение насловено како По крајот.
Повеќето од нејзините романи се преведени на неколку јазици, а некои се и екранизирани.

Живее во Брисел, со сопругот и двете деца.

Повеќе