×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Патот

Патот

Виолета Танчева–Златева


Издавач: Паблишер
Број на страни: 87
Година на издавање: 2018
Автор: Виолета Танчева–Златева
ISBN: 9786084569732
Жанр: Поезија
200 ден.

Тивки, непретенциозни, одмерени, а длабоко прочувствувани и автентични – такви се стиховите на Виолета Танчева-Златева. Се концентрираат околу поливалентната метафора на патот, а се разгрануваат во неколку насоки: по патот кон себе, кон другиот и кон љубовта, и сите заедно „чекорат“ по патот на поезијата, зашто таа е „судена, во дамарите запишана“. Овие стихови се никнати од еден конкретен животен микрокосмос, со мирис на перуники од Бориево, со топлина на најубавото ќебе од чеизот, префрлено врз бездомникот на клупата пред зградата во една скопска населба, со заводливост на приказните на квасецот, солта и водата, натопени со капките меланхолија, што како од свеќа се цедат... Мудроносни, а детски љубопитни; набиени со емоции, но никогаш патетични; соочени со тегобноста на постоењето и „лепливото тесто на ништожноста“, но витално потпрени врз „најверниот пријател – животот“...

Стиховите на Танчева-Златева се во духот на македонската блажеконескиевска традиција на песни-цреши откинати од дрвото на животот, обликувани со изострено чувство за строгост, прочистеност на изразот и јазична перфекција. – Соња Стојменска-Елзесер

Виолета Танчева–Златева

Виолета Танчева–Златева

Виолета Танчева-Златева – поетеса, раскажувач. Родена на 25 април 1968 г., во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година. Член е на Редакцијата на Списанието за книжевност и култура АКТ и на Здружението на лекторите на Република Македонија.

Повеќе