×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




И на небо и на земја

И на небо и на земја

Отец Милан Ѓорѓевиќ


Издавач: Паблишер
Број на страни: 234
Година на издавање: 2019
ISBN: 9786084892083
Жанр: Филозофија и религија
300 ден.

Чудна и чудесна книга. Од програмските и концептуалните трудови, преку микростудиите, до сосема модерните есеи. По првото читање, останува впечатокот на една мала енциклопедија на македонската просвета и духовност, есеистичка енциклопедија на философијата и теологијата.
Отец Дарко Ѓого

Насловот И на небо и на земја кореспондира со познатата светоотечка максима „во овој свет, но не од овој свет“, која се однесува на сугубиот карактер на присуството на Црквата во светот и историјата. Таа не може ниту да се дистанцира од животот во историската стварност и да ја игнорира социјалната динамика на епохата во која суштествува, но истовремено, не може ни да се сведе на минливото и просторно ограниченото бидејќи основниот извор на нејзиниот идентитет и крајната инстанца на нејзиниот стремеж се наоѓа надвор од просторот на иманентното и дискурзивното. Есхатонот и вечноста ја проникнуваат Црквата и го одредуваат нејзиниот примарен идентитет, но со тоа не ја укинуваат нејзината фактичка историчност. Со тоа се утврдува хоризонтот на христијанската философија.
Ристо Солунчев

Книгата на отец Милан Ѓорѓевиќ И на небо и на земја е наратив на неговите философски интуиции, оплодени од богословската дијакритичност, која ја овистинува и ологосува земната философија преку небесната философија на Евангелието.
Свилен Тутеков

Книги од ист жанр

Отец Милан Ѓорѓевиќ

Отец Милан Ѓорѓевиќ

Повеќе