×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Крал, Дама, Џандар

Крал, Дама, Џандар

Владимир Набоков


Издавач: Паблишер
Број на страни: 233
Година на издавање: 2016
Автор: Владимир Набоков
ISBN: 9786084569343
Жанр: Белетристика

Крал, дама, џандар е првиот од трите романи на Владимир Набоков со „германска“ тематика, по кој набргу следуваат Камера опскура и Очај. Во вештите преплети на љубовната и криминалната интрига како карти се мешаат судбината на еден успешен деловен човек, неговата жена што се здодева и сиромашниот внук од провинција – сите марионети на случајот, слеп и немилосрден во својот избор.


Младиот Франц оди во престолнината и почнува да работи кај својот далечен и богат чичко, кој го зема под своја закрила, заедно со младата сопруга. Незадоволната и студена Марта набрзо го освојува наивното момче. Нивниот копнеж се разгорува и таа почнува да крои планови како да се ослободат од сопругот, за да можат слободно да уживаат во неговото богатство и во својата љубов. По низата перипетии сенката на смртта навистина се надвиснува над нив – но настаните заземаат неочекувана насока...

Владимир Набоков

Владимир Набоков

Владимир Владимирович Набоков (22 април 1899–2 јули 1977), е руско-американски писател, преведувач и новинар. Роден е во Санкт Петербург, во богато аристократско семејство. Набоков стекнал светска слава со романот Лолита (1955), чиј успех му овозможил да се врати во Европа и да му се посвети на пишувањето. Заедно со жена му се преселил во Монтре, Швајцарија, каде што останал сè до својата смрт. Пишувал на руски и на англиски јазик. Автор е на многу романи, кратки раскази, песни и драми, кои ги преведувал со помош на својот син.

Повеќе