×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ништо

Ништо

Јане Телер


Издавач: Паблишер
Број на страни: 141
Година на издавање: 2019
Автор: Јане Телер
ISBN: 9786084569817
Жанр: Литература за деца
250 ден.

Сè започнува кога Пјер Антоан, главниот покренувач на настаните во Ништо на Јане Телер, на еден час изјавува дека „не постои ништо што значи нешто“, оти животот е бесмислен и нема потреба да се грижиме за ништо: за училиштето, пријателите, семејството. Во знак на протест, се качува на едно сливово дрво и оттаму почнува да ги гаѓа своите довчерашни другари со презреани сливи и со своите филозофски мудрости. Исплашени од неговото забегано однесување, тие тргнуваат во очајна потрага по смислата на животот откажувајќи се од најзначајните работи и предизвикувајќи се на сѐ поголеми жртви. Купот почнува со нечии омилени зелени сандали, жолт велосипед, данско знаме, стара касета од Битлси...


Но дали откажувајќи се од најсаканите работи потврдуваме дека навистина ништо не е важно? Измачувајќи се со ова прашање, секое наредно барање на седмоодделенците станува сè посурово и настаните постепено добиваат морбиден пресврт...


Јане Телер

Јане Телер

Јане Телер (1964, Копенхаген) е данска писателка со австро-германско потекло која живее во Њујорк и во Берлин. Пишува романи и есеи, но и кратки раскази – како и различни дела за млади – секогаш фокусирајќи се на подлабоките животни прашања и човековата цивилизација и често предизвикувајќи контроверзни и жешки дебати

Повеќе