×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Раните упанишади

Раните упанишади


Издавач: Паблишер
Број на страни: 188
Година на издавање: 2016
ISBN: 9786084569558
Жанр: Филозофија и религија
250 ден.

Аитареја Упанишадот ѝ припаѓа на Аитареја школата на Риг Ведата. Изворно ги сочинува четвртото, петтото и шестото поглавје од втората книга на Аитареја Аранјака. Контекстот во кој Аитареја Упанишадот е вгнезден се толкувањата на жртвените церемонии, па неговата примарна цел се чини дека е настојувањето вниманието на оние кои ги практикуваат жртвувањата да се сврти од нивниот надворешен формализам кон внатрешното значење, односно космолошките аспекти на жртвувањето да се пресликаат на рамништето на себството. Сепак, Аитареја Упанишадот не обработува една единствена тема: првото поглавје е сосредоточено на доктрината за Атман како создател, второто ги расправа трите раѓања на себството, а третото ја истражува неговата вистинска природа.