×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Син

Син

Алехандро Паломас


Издавач: Паблишер
Година на издавање: 2020
Број на страни: 221
Автор: Алехандро Паломас
ISBN: 9786084892137
Жанр: Белетристика
380 ден.

Точно е тоа што го велат луѓето: кога долго време трагаме по вистината, оној ден кога конечно ќе ја откриеме настапува најтешкиот дел. Што да се направи со неа?

Која е вистината што се крие зад таинствената насмевка на деветгодишниот Гилјермо? Момче со сини очи кое еден ден сака да биде Мери Попинс. Момче кое не ги сака грубите машки игри и се дружи единствено со Насија, девојчето доселено од Пакистан, кое му се доверува дека е веќе свршена за еден свој возрасен роднина. Саканиот син кој секој четврток добива писмо од својата отсутна мајка, со која никогаш не може да се види и да се слушне...


На учителката Соња Гил и неговиот непристапен татко ѝ личат на санта мраз под која трепери нешто таинствено, злокобно. Заедно со училишниот психолог Марија, тиесе обидуваат да ја  одгатнат детската душа и психа. Чекор по чекор, трпеливо навлегуваат во чудниот свет на Гил. Преку неговите многузначни цртежи и искрените есеи, тие на крајот ќе ја откријат тажната вистина и ќе сфатат зошто тој толку копнее да биде Мери Попинс.

Алехандро Паломас

Алехандро Паломас

Алехандро Паломас (1967, Барселона) е современ шпански писател, новинар и преведувач на значајни автори. Дипломирал англиска книжевност. Пишува романи за деца и млади и за возрасни. За своите дела има освоено голем број признанија. Меѓу најзначајните дела му се вбројуваат романите: Време на срцето, Тајната на Хофманови, Душата на светот, Сета љубов, Сиот живот, Небото што ни останува, Мајка, и Син.

За романот Син (2015) Паломас ја доби Националната награда за книжевност за деца и млади во 2016 година. Kнигата обработува современи теми на трогателен и неповторлив начин. Иако е наменета пред сè за деца и млади, успева да го зграпчи вниманието на секој читател од која било возраст, кој навлегува во возбудливата приказна на главните јунаци проткаена со суптилни и прикриени значења што ќе достигнат драматична разврска.

Повеќе