×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Станица единаесет

Станица единаесет

Емили Сент Џон Мандел


Издавач: Паблишер
Број на страни: 327
Година на издавање: 2017
Автор: Емили Сент Џон Мандел
ISBN: 9786084569589
Жанр: Белетристика

Романот Станица единаесет е исклучително моќен и потресен спој на семејна драма и апокалиптична научна фантастика. Напишан со спокоен, интимен тон, романот прикажува сценарио за крајот на светот кое можеби е во доменот на фантастичното, но секако не е невозможно.

 По појавата на грузиски грип, над 99 проценти од светското население умира. Преживеаните ќе се соочат со еден сосем поинаков свет, на кој одново ќе мора да се адаптираат за да преживеат. Среде хаосот на апокалипсата, една група уметници решаваат дека не е доволно само да се преживее, па ја формираат „Патувачката симфонија“ – трупа на актери и музичари кои патуваат низ опустошениот нов свет и изведуваат класични концерти и драми...

Преплетувајќи повеќе ликови и приказни во своевиден метафизички трилер, Станица единаесет изгледа како сложена и грандиозна симфонија, во која читателот ќе биде оставен без здив.

Емили Сент Џон Мандел

Емили Сент Џон Мандел

Емили Сент Џон Мандел е родена во 1979 година, во Канада, на островот Денман, на западниот брег од Британска Колумбија. Станица Единаесет е нејзиниот четврт и најуспешен роман. Објавен е во 2014 година и за него ги добива наградата Артур К. Кларк и Книжевната награда на Торонто. Другите нејзини романи се: Синоќа во Монтреал (2009), Пиштолот на пејачот (2009) и Квартетот Лола (2012).

Повеќе