×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Разговори со себеси

Разговори со себеси

Андрес Неуман


Издавач: Паблишер
Број на страни: 198
Година на издавање: 2016
Автор: Андрес Неуман
ISBN: 9786084569350
Жанр: Популарна психологија
300 ден.

Лито има десет години и е речиси сигурен дека, ако доволно се концентрира, може да ја промени климата. Неговиот татко Марио е тешко болен и прави магнетофонска снимка за да му остави некакво сеќавање на својот син. Пред да биде предоцна, Лито и Марио заминуваат на патување со семејниот камион, на кое ќе споделат многу повеќе освен времето што ќе го поминат заедно... Нарацијата во овој сложен но прекрасно напишан роман се движи помеѓу текот на свеста на Лито, дневниците на мајка му Елена и снимките на Марио – секој од овие три гласа го отелотворува начинот на кој разговараме со себеси: преку говор, преку мисла и преку писмо. Разгледувајќи ја вечната релација меѓу Ерос и Танатос, приказната за семејството на Лито поставува многу важни прашања, особено поврзани со загубата на најблиските, со која сите ние сме принудени да се соочиме во еден момент од животот.

Во Разговори со себеси Андрес Нуман слика нежен и истовремено несентиментален портрет за начинот на кој функционираат љубовта и семејството. Вештината со која го прави тоа оправдано го вбројува меѓу најголемите имиња на современата литература на шпански јазик.

Андрес Неуман

Андрес Неуман

Повеќе