×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Планум

Планум

Александра Шаровиќ Атанасовска


Издавач: Паблишер
Број на страни: 254
Година на издавање: 2016
Автор: Александра Шаровиќ-Атанасовска
ISBN: 9786084569411
Жанр: Планер

ПланУМ е моќна интерактивна алатка за унапредување на личните потенцијали на секој поединец. Помага при кристализирање на посакуваните цели и дефинирање на детална мапа и план за нивна реализација.

ПланУМ е личен водич кој ќе го стимулира вашиот континуиран развој нудејќи уникатен и структуиран процес кој се базира врз техники и вежби од коучинг-методологијата со фокус кон решенија.

ПланУМ е персонализирано решение за секој кој води грижа за својот личен и професионален напредок. Oд ученици и студенти кои амбициозно ја планираат својата иднина, па сè до професионалци од различни области со набиени агенди и потреба да го систематизираат своето секојдневје и да воведат ред во сопствените животи.

Не постои скратен пат до успехот. Затоа ве охрабруваме да го користите планумот континуирано и да го следите унапредувањето на секој аспект од вашиот живот. Ве очекува изненадувачки ефект кој ќе ви ја разбуди свеста за многу скриени потенцијали кои чекаат да бидат искористени.

Александра Шаровиќ Атанасовска

Александра Шаровиќ Атанасовска

Повеќе