×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Моќта на навиките

Моќта на навиките

Чарлс Дјухиг


Издавач: Паблишер
Број на страни: 312
Година на издавање: 2018
Автор: Чарлс Дјухиг
ISBN: 9786084569718
Жанр: Популарна психологија
450 ден.

Никогаш не е доцна да се смениме кон подобро. Тоа можеме да го постигнеме со менување на лошите и со зацврстување на корисните навики. Добитникот на Пулицерова награда, новинарот на Њујорк тајмс Чарлс Дјухиг нè води по тој пат на трансформација нудејќи ни едно ново поимање на човековата природа и нејзиниот потенцијал за развој.


Авторот ни ги открива начинот на кој функционираат навиките и механизмите со кои можеме да ги промениме. Низ конкретни примери од животот на олимпиецот Мајкл Фелпс, директорот на Старбакс Хаурд Шулц, борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг Помладиот и десетина други познати и помалку познати личности, Дјухиг објаснува како со примена на новите научни сознанија за навиките можеме да предизвикаме позитивни промени не само во нашите животи, туку и во нашата работна средина и во целото општество.


Моќта на навиките изобилува со објаснувања на многу важни прашања:
- што претставуваат навиките и како работи мозокот
- какви навики имаат успешните луѓе и компании
- кое е Златното правило за промена на навиките...


Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. Во тоа лежи моќта на навиките: во сфаќањето дека нашите навики се она што ние ќе избереме да ни биде навика. А кога таа еднаш ќе се автоматизира, неумоливо нè носи кон успех.

Чарлс Дјухиг

Чарлс Дјухиг

Повеќе