×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Играта на животот и како да ја играш

Играта на животот и како да ја играш

Флоренс Сковел Шин


Издавач: Паблишер
Број на страни: 107
Година на издавање: 2019
Автор: Флоренс Сковел Шин
ISBN: 9786084569916
Жанр: Популарна психологија

Предметот на играта на животот е јасно да го видиме сопственото добро и да ги избришеме сите ментални слики на злото. Во оваа инспиративна книга Флоренс Сковел Шин, на неформален, пријателски и хумористичен начин, ни ги пренесува безвременската порака и принципите на успехот покажувајќи ни како со користење на афирмации да ги промениме својата состојба и околностите и да научиме дека животот не е борба, туку игра, игра на давање и примање.


Книгата „Играта на животот и како да ја играш“ за првпат ја здогледала светлината на денот во 1925 година. Оттогаш има инспирирано илјадници луѓе низ целиот свет, со вистината што ни ја открива – дека љубовта и добрата волја ги отстрануваат сите препреки на нашиот пат.

Флоренс Сковел Шин

Флоренс Сковел Шин

Флоренс Сковел Шин е родена во 1871 година во Камден, Њу Џерси. Била талентирана учителка, уметница и авторка која ги оформила полињата на духовен раст и на нова мисла.

Повеќе