Базирана врз долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата, како и врз професионалното искуство на авторката вo рабoтата сo пациенти oд различни култури, нациoналнoсти и религии, книгата Да се живее поинаку претставува неoпхoден живoтен прирачник кoј ќе ви пoмoгне да гo прoнајдете вистинското значење на животот и да постигнете самореализација.
Исполнета со одговори на најважните животни прашања и проткаена со оригинални поетски дела, оваа книга ќе ви овозможи да го надминете страдањето и да ги пронајдете внатрешниот мир и вистинската среќа во животот.
Д-р Снежана Џамбазова-Попорданоска е доктор по медицина, психолошки советник и доктор на психолошки науки. Таа е светски позната мотивациска говорничка и психолошка советничка која спроведува терапевски сесии на луѓе од различни делови на светот, како што се Австралија, Азија, Европа и Латинска Америка. Д-р Снежана им помогнала на илјадници луѓе од преку сто земји во светот да ги надминат своите проблеми со менталното здравје, да го најдат мирот во себе и да го подигнат своето ниво на свест.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам