×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Баба

Баба

Луан Старова


Издавач: Паблишер
Број на страни: 252
Година на издавање: 2021
Автор: Луан Старова
ISBN: 978 608 489 256 4
Жанр: Белетристика
300 ден.

Новиот роман Баба на Луан Старова, прозаист со големо меѓународно реноме и бездруго еден од најзначајните книжевни автори како на македонски така и на албански јазик, го разбира и систематски го истражува феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата.

За Луан Старова, инспириран од ликот на неговата баба Хазбије ан’м, жената – или ако сакате: Жената! – е единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации, одгатка и средиште на мистеријата која филозофот на културата Х. Г. Гадамер ја означи со синтагмата „фузија на хоризонтите“.

Со тоа е даден и одговор на прашањето што си го поставува Хазбије: нејзиниот свет, нејзината татковина е светот што таа овозможи да се создаде, светот што без неа никогаш не ќе беше можен, светот во кој се сочувани и нераскинливо поврзани во вистинска фузија на хоризонти нејзините светови!

Ферид Мухиќ

Луан Старова

Луан Старова

Луан Старова во книжевноста се пројавува во својата дваесетта година. Пишува на македонски, албански и француски јазик. Во 1974 г. магистрирал и докторирал на Универзитетот во Загреб, а специјализирал на Сорбона од областа на модерната француска книжевност. Својата кариера ја продолжил до пензионирањето како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во два мандата бил амбасадор на СФР Југославија во Тунис и Палестинската Држава, како и прв амбасадор на Република Македонија во Франција, постојан претставник во УНЕСКО, прв амбасадор на Република Македонија во Франција, како и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Од 2003 година е член на Македонската академија на науките и уметностите, нејзин секретар на Одделението за уметност. Член е и на Медитеранската академија, на Европската академија на науките и почесен член на Албанската академија на науките. Вниманието на домашната и меѓународната книжевна јавност Луан Старова го предизвика во 1992 г., со романот Татковите книги (награда „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобар роман), кој ја најави неговата „Балканска сага“, досега објавена во 13 книги на повеќе од 3.000 страници. Романот Времето на козите (првопласиран на конкурсот на „Мисла“ во 1993 г.) е објавен на уште дваесетина јазици. Овој роман беше номиниран за меѓународните награди Најдобар објавен роман во Франција во 1997, најдобар европски роман – награда „Жан Моне“, за наградата „Ангелус“ за најдобар роман на Централна и Источна Европа објавен на полски јазик. За Балканската сага пишувале угледни европски книжевни критичари и мислители, како Едгар Морен, Робер Бадентер, гонкyровецот Морис Друон, Ерик Фај, Василис Василикос, Предраг Матвеевиќ и други. Во француската книжевна критика Балканската сага се вбројува во редот на големите европски романи. Романот Балканвавилонци од оваа сага ја доби наградата роман на годината на „Утрински весник“ за 2015 г. Авторот е добитник и на меѓународните признанија Медал на Асоцијацијата на автори кои пишуваат на француски јазик, како и на највисокото француско прзнаниe Предводник во уметностите и книжевноста (Commandeur de l’Ordre des Arts et Lettres).

Повеќе