×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Анатомија на бумбарот

Анатомија на бумбарот

Стефан Марковски


Издавач: Паблишер
Број на страни: 214
Година на издавање: 2021
Автор: Стефан Марковски
ISBN: 978 608 489 261 8
Жанр: Белетристика
250 ден.

Секој човек во својата глава има два заробени волка, сиромаштијата ја има моќта од него да го извади едниот, додека работата не стигне до обата. А тогаш и добриот волк не е повеќе добар. Напротив, тоа е мигот кога со своето искуство се уверуваш дека целата таа ригидна поделба не е ништо поинакво од самата поделба меѓу луѓето.

Наративот во романот Анатомија на бумбарот е поврзан со една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна, и сериозност од една, и игра од друга страна, и индивидуалност и загриженост за општочовечкото, а во спрега со судбината на својата земја, и пред сѐ, разочарување кое и во најбуквална смисла експлодира во револт кој со себе ги носи политичарите и општествените моќници како „потрошен материјал“ со секогаш предвреме истечен рок на употреба…

Борбата е клучот, а потажна од смртта е само изгубената борба. Тоа е од едната до другата точка дејствувањето на мислата на бунтовниот човек; низ историјата не се ретки случаите кога најголемите идеалисти го земаат оружјето и се пресметуваат со тие структури и олицетворенија на обезвреднувањето кои само низ призмата на нивниот мисловен идеалистички систем

Стефан Марковски

Стефан Марковски

Стефан Марковски (роден во Гевгелија, 01.12.1990) е современ македонски писател. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа и на Филозофија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. 

 Автор е на книгите: Еднонасочно (роман, 2009), Апеирон (поезија, 2010), За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010), Хиерархиска еволуција на свеста (психологија и филозофија, 2012), Мета(де)конструкција и општа филозофија (филозофија, 2012), Среќата е глагол (психологија и филозофија, 2013), Продавачот на ветар и магла и други приказни (раскази и драмски текст, 2015), In Nomine (поезија, 2016), Сиво сјаат вселените (поезија, 2016), Смртта долетува насмевната (раскази, 2017), По трагата на белиот грифон (поезија, 2018). Дел од неговото творештво е преведено и објавено на неколку европски јазици.
Автор на есеи, статии и трудови од книжевната теорија и филозофијата, како и на сценарија за краткометражни и еден долгометражен филм.

Повеќе