×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Воздух

Воздух

Миријам Дубини


Издавач: Паблишер
Број на страни: 193
Година на издавање: 2019
Автор: Миријам Дубини
ISBN: 9786084569848
Жанр: Белетристика
250 ден.

Времето престанува да тече кога Грета и Анселмо случајно ќе се сретнат на римските улици и ќе си погледнат во очи – нејзините пркосно лути, неговите благо насмеани. Но Анселмо не е обично момче. Тој умее да ги чита пораките од небото. Има дарба да го слуша шепотот на ветрот, да разговара со воздухот...


Тој наоѓа изгубени писма, предмети, пораки... и им ги доставува на вистинските приматели, соединувајќи ги на тој начин распараните нишки на судбината.


Анселмо не само што го менува животот на Грета, туку може да создава и чуда. Всушност, може сè додека не си признае дека е вљубен во тоа необично девојче на велосипед. Кога љубовта ќе ги огрее двете млади срца, тој веќе не може во облакот да ги види знаците на судбината. Што ќе избере – љубовта или небото?

Книги од ист жанр

Миријам Дубини

Миријам Дубини

Mиријам Дубини е родена во 1977 година, во Милано, каде што дипломирала семиотика со дипломска работа на тема раскажување бајки. Додека студирала, пишувала и глумела во театарската трупа „Дита џоко фјаба“, давајќи го својот придонес во создавањето театар целосно посветен на децата, таканаречениот „Театро нел Тротер“, во паркот Тротер во Милано, каде што Дубини работела како актерка, драматург, сценографка, касиерка, хостеса и хигиеничарка.

Повеќе