×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ти носам пустински песок

Ти носам пустински песок

Винка Саздова


Издавач: Паблишер
Автор: Винка Саздова
Број на страни: 176
Година на издавање: 2021
ISBN: 9786084892502
Жанр: Литература за деца
300 ден.

Таа е неговата најнај другарка, тој нејзиниот најнај другар. Се викаат Стела и Сани, а меѓу себе Јасти и Тијас. Родени се на ист ден, во иста година, во ист час. Исти им се и имињата. Sвездени.Живеат во исто маало, учат во исто одделение, исти нешта ги интересираат. Изгледа дека ништо не би можело да ги раздели, па сепак...

Кога ќе се најдат илјадници километри далеку еден од друг, продолжуват да се дружат преку мејлови. Но колку можат тие да им ги надоместат живите средби, гушкањата, заедничката смеа, солзите, воздишките?... Ќе се смени ли нешто меѓу нив? Дали ќе успеат да ја одржат блискоста?

На прагот се од тинејџерската доба со неброени прашања без одговори. И премногу си недостигаат. Ех, само кога повторно би се виделе!

Ти носам пустински песок, прв роман за деца и млади од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси, Понекогаш доаѓа среќа, Луна и Вилино.

Винка Саздова

Винка Саздова

Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година, во Стрезовце, Република Македонија. Има завршено Филозофски факултет во Скопје, на Катедрата по психологија. Била новинар во Културната редакција на дневниот весник „Вечер“ и уредник за култура во „Република“. Во 1999 година го основа Издавачки центар ТРИ и во следните десет години е негов главен уредник.Од 2009 година се посветува на пишувањето и оттогаш ги има објавено романите Последниот чај (2009), Полиња со диви нарциси (2011), Понекогаш доаѓа среќа (2013)  Луна (2015) и Вилино (2019) . Уште со првиот роман создава своја читателска публика, а нејзините книги досега се објавени во над 35 изданија. Последниот чај е воедно најуспешниот роман на Издавачки центар ТРИ со 14 изданија, а преведен е и на српски, хрватски и бугарски јазик.

Повеќе