ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО ДА ЈА ИГРАТЕ ИГРАТА ШТО ЈА ИГРАТЕ?
Во конечните игри, како што се фудбалот и шахот, познати ни се играчите, правилата се исти за сите и целта е јасна. Победниците и губитниците лесно се препознаваат. Но, во бесконечните игри, како бизнисот, политиката или самиот живот, играчите доаѓаат и си заминуваат, правилата се менуваат и не постои единствена крајна цел. Во бесконечните игри не постојат победници и губитници, само напред или назад. Многу од проблемите со кои се соочуваат организациите постојат исклучиво затоа што нивните лидери играат бесконечни игри користејќи вештини корисни само за конечни игри.
Сајмон Синек е британскo-американски автор, мотивациски говорник и маркетинг-теоретичар и консултант. Роден е на 9 октомври 1973 година, во Вимблдон, Англија, а живеел во Јоханесбург, Лондон и Хонгконг пред да се пресели со семејството во САД
ПовеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам