×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Црна и сребрена

Црна и сребрена

Паоло Џордано


Издавач: Паблишер
Број на страни: 124
Година на издавање: 2016
Автор: Паоло Џордано
ISBN: 9786084569381
Жанр: Популарна психологија
250 ден.

Третиот роман на Паоло Џордано, Црна и сребрена, раскажува за интимниот живот на едно модерно младо италијанско семејство, кое доживува криза по смртта на старата помошничка и дадилка на детенцето на семејството. Госпоѓа А. е повеќе од домашна помошничка, таа е стожер на семејството, единствениот сведок на врската што ги спојува.


Црна и сребрена е меланхолична љубовна приказна, раскажана со префинет и интимен јазик и – за првпат во творештвото на авторот – во прво лице. Џордано се сосредоточува на надворешните подробности, меѓутоа ги користи за да ги долови со нив внатрешните светови на своите ликови, нивните заемни односи или стравови. Кога семејството ќе ја загуби госпоѓа А., ненадејно чувствува празнина што не може да се пополни. Но младата двојка допрва треба да согледа дека нејзината сила веќе е дел од нив.

Паоло Џордано

Паоло Џордано

Паоло Џордано е роден во 1982 година во Торино, Италија. Дипломирал физика на Универзитетот во Торино, а на истиот универзитет и докторирал во областа теориска физика во 2010 година. Со пишување почнува да се занимава од разонода и по неколку објавени раскази, во 2008 година му излегува првиот роман, Осаменоста на простите броеви

Повеќе