×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Уметноста на почетокот

Уметноста на почетокот

Гај Кавасаки


Издавач: Паблишер
Број на страни: 236
Година на издавање: 2016
ISBN: 9786084569107
Жанр: Бизнис литература

Што е потребно за да ги претворите идеите во акција? Кои се елементите на совршеното рекламирање? Како да извојувате победа во битката на таленти? Како да изградите бренд без пари?


Уметноста на почетокот ги нуди основните чекори за лансирање на одлични производи, услуги и компании - без оглед на тоа дали сонувате да го основате следниот Microsoft, или пак непрофитна организација што ќе го смени светот. Истовремено им покажува на менаџерите како да го ослободат својот претприемачки дух во постоечките компании, со што им помага да смогнат храброст и креативност за да го издигнат својот бизнис над останатите.


На своите читатели Кавасаки им дава трикови за нов почеток, вклучувајќи ги своите проверени тајни техники за пробивање, брендирање, разменување информации, регрутирање, рекламирање, ширење на бизнисот, и најважно од сè во оваа кревка потрошувачка клима, создавање еуфорија.


Како дел од Apple, Кавасаки помогнал во претворањето на обичните купувачи во фанатици. Како основач и извршен директор на Garage Technology Ventures, ги тестирал своите радикални идеи во реално лансирање на бизниси. А како незапирлив колумнист во Форбс, ги изострил своите погледи за Уметноста на почетокот.


„Го издигнав својот бизнис во светски познат бренд, а сепак, откако ја прочитав оваа книга, имам нескротлив порив да баталам сè и да започнам одново. Книгата на Гај ми разоткри толку многу нешта на кои не сум ни помислил и ми урна толку многу илузии, а сепак се чита како роман. Баш би сакал да им бидам банка на луѓето што ја читаат оваа книга.“ Џеј Конрад Левинсон, автор на серијалот книги Герила Маркетинг.

Гај Кавасаки

Гај Кавасаки

Гај Кавасаки е извршен директор на Гараж технолоџи венчрс, компанија за ризичен капитал во почетна фаза, наменет за фирми за висока технологија. Претходно работел во Епл. Kако важен предавач и основач на повеќе компании за персонални компјутери, Кавасаки бил еден од одговорните луѓе за успехот на компјутерот „мекинтош“. Автор е на седум книги, меѓу кои Правила за револуционери, Како да ја полудите конкуренцијата, Продавање на сонот и Патот на мекинтош. Дипломирал на универзитетот Стенфорд, магистратрирал на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, како и се стекнал со почесен докторат на колеџот Бебсон.

Повеќе