×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Весна Петрушевска


Весна Петрушевска е родена во 1970 година.

Во својот живот има одиграно околу 70 улоги, уредно е вработена во МНТ од 1993 година, 10 години е автор и водител на познатото шоу Вртелешка. Добитник на многу награди кои, патем, никогаш не ги споменува, важи за лик што го игра она што вистински ќе го посака. Во својата кариера има дури две монодрами (од кругови блиски на Весна дознаваме дека тоа е последица од многу зборување сама со себе од најраната возраст). Сака да истражува најразлични сценски жанрови, па ќе почне да настапува и како стендап комичар, од мака и од пуста желба да насмее некој кога е таа проклето тажна.