×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Јахим Топол


Јахим Топол е роден во 1962 г. во Прага, тогашна Чехословачка, во семејство на книжевни дејци. 

Неговото творештво опфаќа повеќе книжевни жанрови: се истакнува и како поет, и како романсиер, и како автор на новели, кратки раскази, драми, потоа како сценарист и автор на текстови за рок-песни, но и како преведувач. Најпознати дела му се збирката поезија Те љубам лудо (1988), новелата Патот до железничката станица (1994), романите Сестра (1994), Ангел (1995), Ноќна работа (2001), Низ студената земја (2009).