Ема Клајн е американска романсиерка. Родена е во 1989 година, во Калифорнија. Почнала да пишува во средно училиште. Нејзините кратки раскази се објавени во голем број книжевнисписанија, меѓу кои „Њујоркер“ (The New Yorker), „Тинхаус“ (Tin House), „Гранта“ (Granta) и „Парис ривју“ (The Paris Review). Во 2016 година го објавува и својот прв роман, Девојките, со кој стекнува интернационална слава. Романот за кусо време е преведен на 35 јазици. Во 2017 година литературниот магазин „Гранта“ ја вбројува во листата Најдобри млади американски романсиери.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам