×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Алехандро Паломас


Алехандро Паломас (1967, Барселона) е современ шпански писател, новинар и преведувач на значајни автори. Дипломирал англиска книжевност. Пишува романи за деца и млади и за возрасни. За своите дела има освоено голем број признанија. Меѓу најзначајните дела му се вбројуваат романите: Време на срцето, Тајната на Хофманови, Душата на светот, Сета љубов, Сиот живот, Небото што ни останува, Мајка, и Син.

За романот Син (2015) Паломас ја доби Националната награда за книжевност за деца и млади во 2016 година. Kнигата обработува современи теми на трогателен и неповторлив начин. Иако е наменета пред сè за деца и млади, успева да го зграпчи вниманието на секој читател од која било возраст, кој навлегува во возбудливата приказна на главните јунаци проткаена со суптилни и прикриени значења што ќе достигнат драматична разврска.