×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Перл Бак


Перл Бак (1892, Хилсборо, Западна Вирџинија–1973, Денби, Вермонт) е позната американска писателка, преведувачка, учителка и активистка. Детството го поминала во Кина, каде што нејзините родители, мисионери на презвитеријанската црква, работеле голем дел од својот живот. Образованието го стекнала во САД, а по магистрирањето повторно се вратила во Кина, каде што го запознала својот сопруг, младиот економист Џон Лосинг Бак. Стапуваат во брак во 1917 г. и веднаш се преселуват во провинцијата Ангвеи. Оваа сиромашна средина е местото од каде што Перл Бак ја црпи инспирацијата за својот прочуен роман Добра земја.