За нас

Издавачката куќа ПАБЛИШЕР ја започна својата приказна во 2009 година, како прв македонски издавач со мисија да одговори на барањата на читателите од деловните и академските кругови за квалитетна и релевантна литература за личен и професионален развој. Уште од своето основање, ПАБЛИШЕР стана препознатлив по квалитетот на своите изданија, исклучителниот избор на дела и автори со неприкосновен статус, користејќи иновативен, современ и креативен пристап во градењето на своето портфолио. Претставувањето на првата специјализирана едиција бизнис книги беше пресвртница на македонската издавачка сцена – преку неа, ПАБЛИШЕР успеа да ги доближи најзначајните автори и книги од светот на бизнисот до претприемачите, менаџерите, експертите, компаниите, како и до сите оние кои се насочени кон постигнување личен и професионален успех.

Во својата програма ПАБЛИШЕР вклучи книги кои во светот се задолжително четиво за сите оние што сакаат својата идеја да ја преточат во успешен бизнис, како и да го надградат веќе постојниот и да бидат успешни претприемачи и предводници во деловниот свет. Фокусирајќи се на изданија од областа на теориите за маркетингот, продажбата, менаџментот, деловната мотивација и услугата, ПАБЛИШЕР значајно придонесе за збогатување на знаењето, искуствата и добрите практики кај читателите.

По првичниот успех на специјализираната бизнис едиција, ПАБЛИШЕР продолжува да расте и да ја проширува својата издавачка продукција. Почнуваме да испишуваме уште едно ново поглавје претставувајќи ги најзначајните автори и дела од современата книжевна продукција – преку нова едиција која ќе се фокусира исклучиво на врвните наслови.